Воведувањето на нова олимпијада не е секогаш едноставна задача. Секогаш има низа од нејаснотии поврзана со истата. Заради тоа ви должиме појаснување на истата.
1. КЕНГУР 2022 прв круг
Овој натпревар се спроведува како што се спроведува и секоја година. Просто со пријавување и учество на учениците во било која форма. Дали организирано преку училиште, или индивидуално-поединечно секој ученик(како што е назначено во писмото од претходната вест). Оваа олимпијада не условува учество на Кенгур втор круг или на МММО 2022. Просто ученикот доаѓа на Кенгур и се натпреварува. За тоа ги добива сите бенефити КОИ СЕ ДОБИВАА И ВО ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ(сертификати, награди, диплома), и со тоа неговото учество е извршено и завршено за тековната година. Секако дека овој натпревар е најинтересен за учениците и повелете на учество на истиот.
2. Кенгур 2022 втор круг
Дел од учениците, кои учествувале на првиот круг на Кенгур 2022 година имаат желба да учествуваат на Кенгур втор круг. Секој ученик кој бил на прв круг на кенгур во текот на месец АПРИЛ(крајот на месец април), после извршување на низа од активности, и има желба да продолжи да се натпреварува, ќе учествува на КЕНГУР 2 круг. Учеството на овој круг е условено со учество на првиот круг на Кенгур 2022. По учеството на овој круг на Кенгур, ученикот не мора да учествува на МММО 2022.
3. МММО 2022
Дел од учениците кои се учесници на првиот круг на Кенгур 2022, и вториот круг на Кенгур 2022 и кои имаат желба да учествуваат на повисок круг на натпревари за учениците од нижото образование, може да се ПРИЈАВАТ за учество на МММО 2022. Сите учесници на вториот круг на Кенгур имаат право да учествуваат на МММО 2022 и ќе се натпреваруваат на МММО 2022. За секое одделение ќе се состави посебна ранг листа на учество и постигања на учениците. Наградувањето ќе се прави за секоја листа одвоено, исто како и за Кенгур-прв круг и за Кенгур-втор круг. На оваа олимпијада, исто како и на Кенгур-втор круг ќе се доделуваат сите одличја(медаљи, дипломи, сертификати, одредени награди поврзани со олимпијадата). Останатите ученици од првиот и вториот круг на Кенгур 2022 доколку не сакаат не се обавезни да учествуваат на ОВОЈ НАТПРЕВАР.
4. Награда Душко Ковачев
Оваа награда ја воспоставуваме прв пат во нашата држава. Душко Ковачев беше професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Беше истакнат педагог со кој се поврзани многу работи во нашата држава. Пред се, тој беше покренувач на списанието НУМЕРУС кое вие и ден денеска го купувате и се образувате од него. Тоа го направи од љубов кон математиката, што беше изразено дека првиот број го направи со своите колеги и приватно го испечатија во седумдесетите години на минатиот век. Беше голем педагог кој покрена, заедно со своите колеги низа математички активности во нашата земја. Од тие причини, ние како математички активисти, му се оддолжуваме на овој наш колега. Наградата ќе биде традиционална. Истата ќе се доделува на оние ученици кои учествувале на сите три натпревари и тоа Кенгур-прв круг, Кенгур-втор круг и МММО, после составување на единствени ранг листи.
5. Московска математичка олимпијада
Оваа олимпијада има меѓународна аконотација и се одржува во месец ФЕВРУАРИ. Од учениците кои биле на трите круга на натпревари, Кенгур-прв круг, Кенгур-втор круг, МММО 2022, ќе се изберат ученици кои ќе учествуваат на овој МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР. Бројот на учесници не е дефиниран, но секако не е мал(можда и повеќе од 20-30 ученици по одделение). Може да учествуваат и поголем број на ученици. Ние, од Армаганка, од пријавените учесници на овие натпревари(Кенгур-прв круг, Кенгур-втор круг и МММО 2022) ќе организираме најголема можна група, на која ќе и биде дозволено и која ќе учествува на овој натпревар.
Со тоа се завршува циклусот на натпревари за оваа учебна година.
Секоја нејаснотија поврзана со натпреварите повелете и напишете меил на адреса kangaroo.macedonia@gmail.com и сите нејаснотии ќе бида објаснети и некои можда и објавени јавно на оваа страна.