НОВА ОЛИМПИЈАДА

НОВА ОЛИМПИЈАДА

Почитувани колеги, почитувани граѓани, почитувани ученици

Ве известуваме дека почнувајќи од оваа година во нашата држава ќе се одржува

МАЛА МАКЕДОНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА.

Истата се организира за учениците од 1-6 одделение во тековната учебна година.

Образложение

Сведоци сме дека секаде во светот математичките натпревари играат огромна улога во развојот на образовните системи. Така, сведоци сме дека во многу земји, поготово оние кои се богати, се организираат олимпијади или дуг вид натпревари од рангот на олимпијади, за најмладите ученици. Во тие олимпијади секако се вклучени сите ученици, почнувајќи од самиот почеток на своето образование. Во тој контекст, секако дека треба да се истакнат земјите како што се Русија, Кина, многу далекуисточни земји, САД и редица други. Секако дека нашата организација АРМАГАНКА редовно ги прати овие настани, посебно нивната реперкусија и влијание врз развојот на учениците после овие натпревари. Тоа е основната идеја што ни даде повод, да и ние како помала земја, организираме еден ваков вид на натпревар. Истот ќе се одржи во текот на месец МАЈ, традиционално секоја година.

Циклус натпревари за учениците од 1-6 одделение

Организацијата на оваа олимпијада МММО, е продолжение на натпреварите Кенгур-прв круг, Кенгур-втор круг. Таа ќе биде завршен чин на локалните натпревари, кои секако, исцело се од меѓународен карактер. За повеќе детаљи, прочитајте го целиот текст подолу до крај.

Избор на материјал и задачи за натпревар

Секако дека за непосредните учесници на овој натпревар, тоа е клучното прашање кое се поставува и ќе се поставува. Одма да кажеме дека за оваа олимпијада не се потребни специјални припреми.....

Остатокот од овој допис до вас, погледајте го во писмото кое е логирано во прилог на овој допис....

КОМПЛЕТЕН ДОПИС   види тука

Со почит

Борда за меѓународни натпревари