Ова е второ соопштение поврзано со натпреварот КЕНГУР 2022. Одма да напоменеме дека натпреварот ќе се одржи (барем првиот круг на КЕНГУР 2022) во on-line верзија. Било тоа да е од школо било да е од домашни услови. Ваквата одлука се заснова дека сепак на крај имаме голем број на заболени од КОВИД 19. Секако помладата популација тоа полесно го поднесува, но постарата популација(Директор, наставници, педагози, психолози и остана персонал на школите) доста потешко се справува со оваа болест. Од тие причини одлуката е натпреварот да биде во електронска верзија.
За натпреварот генерално нема што многу да се додаде, освен што дописот кој е доставен до скоро сите школи, како и начинот на пријавување и во овој случај, во оваа порака ќе го истакнеме.