Ве известуваме дека и Официјално нашата држава е ОРГАНИЗАТОР НА СОСТАНОКОТ НА АСЕМБЛЕЈАТА НА КЕНГУР во 2023 година. Нашата земја, со вкупните свои потенцијали ќе се постави во улога на главен организатор на овој настан. Да напоменеме дека на овој настан, учество земаат преку 100 земји(78 се активни членки во моментот, но листата на земји кои имаат разноразни статуси е многу многу поголем-брои сигурно повеќе од 100 земји). Оваа манифестација е генерално направена од луѓе МАТЕМАТИЧАРИ од ТЕХНИЧКИТЕ ФАКУЛТЕТИ во нашата земја. На оваа манифестација учествуваат претставниците на најсилните математички школи од светот како што се школата на ФРАНЦИЈА(од која и потекна овој настан КЕНГУР), САД, РУСИЈА, КИНА, ГЕРМАНИЈА, АНГЛИЈА; ХОЛАНДИЈА; БЕЛГИЈА, ПОЛСКА, ЧЕШКА; СРБИЈА; ГРЦИЈА, ТУРЦИЈА, ИРАН и низа други земји.... На истата ќе учествуваат преку 250 претставници, кои ќе работата во своите групи. По тој повод ве повикуваме на активно учество на овој настан од сите аспекти. Организацијата е на друштвото АРМАГАНКА, заедно си сите негови членови, но секоја помош е добредојдена. Добро е во сето ова, како и во многу други културни земји да се вклучат и државните органи од нашата земја, со цел влечење на позитивни искуства за нашето образование, пред се најболниот дел МАТЕМАТИКА.
Дополнителни податоци можете да видите на страната