ОЛИМПИЈАДА ПО ФИНАСИСКА МАТЕМАТИКА и АКТУАРСТВО 2022

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ

Ве известуваме дека ОЛИМПИЈАДАТА ПО ФИНАСИСКА МАТЕМАТИКА И АКТУАРСТВО 2022 ќе се одржи и оваа година во предвидениот термин 19.02.2022 година. На оваа олимпијада слободно учество може да земат сите средношколци од Македонија, како и пошироко. Нешто што и се случуваше во претходните години. Начин на пријавување на учениците е како и до сега, по меилот

aleksa.malceski@gmail.com

Оваа вест посебно се однесува за учениците од средните школи во кои се организира настава од областа на ЕКОНОМИЈАТА и во некои случаи, од економијата и правото. Во нашата земја се организираат натпревари за учениците од средните училишта, но тие се од други области на математиката, кои и не се баш најсоодветен интерес за вас од економските струки. Во секој случај, НИЕ ОД НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ НЕ САКАМЕ ДА ВЛИЈАЕЕМЕ на вас НЕГАТИВНО и да ве одвраќаме од учество и на стандардните наптревари кои ги организира друго здружение на математичари. НАПРОТИВ, ние само сакаме да ви овозможиме, да имате добра можност да ги искажете вашите знаења(како и во претходните години) на олимпијада која соодветствува на она што вие го учите. Воглавно, секој што се осеќа способен да учествува и на другите натпревари, тоа слободно може да го прави и да го направи. 

Воглавно, намера на вакви натпревари е да излеземе од македонските математички води, во кои веќе многу години се наоѓаме. Целта е да покажеме пред светот, дека ние сме сериозна демократска земја, во која се негува спектар на натпревари од најразличен вид, па и од областа на економијата. Секако дека тоа ќе биде и одраз на нашите колеги математичари во економските школи од нашата земја и пошироко, кои ги имаме и на највисоко ниво (со напишани соодветни учебници и монографии за истата област).  

На натпреварот можете да се јавите и сами ИНДИВИДУАЛНО, како тоа што беше и во претходните години. Исто така, на натпреварот може да се пријават и ЕКИПИ од училишта. Исто како и претходните години.  Натпреварот во овој момент е одлучено да се одвива on-line. Ако има било какви промени за начинот на одржување на време ќе ве известиме. 

Со почит

Борд на Армаганка за олимпијади