Македонски математички олимпијади 2014 година

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ

Секако дека сме сведоци на малку силен дегресивен процес во нашите математички води. Секако дека тоа генерално треба да се гледа од уписот на нашите средношколци на нашите како технички факултети, така и на Природно математичкиот факултет. Како што веќе кажавме на овој сајт, не може никој да се обвини зошто е тоа така...Генерално, можеме да кажеме дека сите сме неснаодливи. Од тие причини многу пати повикуваме преку овој сајт, да се излезе од овие математички води, кои се негуваат кај нас, но тоа мора да се прави многу мудро. Еден од начините е излез на меѓународниот пазар на труд, пред се за математика, додека децата се се уште деца, за да видат како тоа се прави во светот. Ние искрено жалиме за драстично намалување на бројот на основци и средношколци од сите наши натпревари. Тоа на крај прескапо ќе го исплати нашата општествена заедница. 

Но , како и да е, листајќи низ литературата наидовме на една книга која не е позната во нашата јавност. Тоа е книгата МАКЕДОНСКИ МАТЕМАТИЧКИ ОЛИМПИЈАДИ 2014 година. Мала, но силна книга по својата содржина и по својата мисла. Заради нејзината прекрасна изработка решивме да ја претставиме на македонските ученици и македонската јавност. 

Секако дека еден од начините да се подобри нашиот образовен систем, посебно во делот математика, толку колку што може, е и тој што ние го нудиме. 

Со почит

Борд на Армаганка за меѓународни натпревари