ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА и ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП 2021

ПОЧИТУВАНИ

Секако дека ни е чест да ви соопштуваме вакви вести, како што е оваа. Нашата МАКЕДОНИЈА на ИРАНСКАТА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА освои 6(шест) медаљи од кои две златни, три сребрени и една бронзена медаља, на олимпијадата која се одржа во ноември 2021 година. Освојувачи на медаљите нема да ги објавуваме, ќе мора сами да ги побарате на сајтот на ИГО, а причините се јасни и нема да ги објаснуваме. Само да напоменеме дека на оваа олимпијада учествуваа преку 4500 натпреварувачи од 57 земји. 

На Финалниот МАТЕМАТИЧКИ КУП, олимпијада која ние ја организираме и сме домаќини, за жал учествуваа само двајца македонски  натпреварувачи (стар македонски синдром на почит кон своето-ова не е приговор кон нашите натпреварувачи туку само е констатација) и освоија две медаљи и тоа ЕДЕН ЗЛАТЕН МЕДАЉ со full score на поени, а другиот бронзена медаља. Секако, ако се има предвид и другио full score на поени кои ги освои РОМАНСКА НАТПРЕВАРУВАЧКА, која дојде без никаква поддршка од својата држава(уште една цел кој е постигната на ФМК), доволно зборува за силината на овој натпревар. На оваа олимлпијада учествуваа преку 700 натпреварувачи од 11 земји, со што се постигнаа многу од целите кои ние ги поставивме за оваа олимпијада а за истите треба да се прочитаат правилата на истата. 

На освојувачите на медаљите им го честитаме успехот, на оние кои за мал број на поени не освоија медаљи исто така им го честитаме успехот, бидејќи јасно е дека тие излегоа од Македонија и се претставија пред светот. Сепка наши 9 деца на ИГО излегоа на листите кои официјалниот организатор ги објавува. Од тоа нема поголем успех за нашата земја. Слично од две деца две се на листите кои излегоа од рамките на ФМК. 

Со почит 

Борд на Армаганка за меѓународни натпревари

претседател проф. д-р Алекса Малчески