ПРИЈАВА ЗА КЕНГУР 2022

МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ 2022

Почитувани ученици, колеги, директори, родители,

Почитувани љубители на натпреварот КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ,

            Натпреварот Кенгур е уникатен натпревар по својата содржина. Тој ги отсликува наставните теми кои се проучуваат во редовната настава, но на многу поинаков начин од обичните натпревари по математика. Целта е да се излезе од шаблонот од натпревари со вообичаена содржина, и во истите да се навлезе на помодерен начин. Истите се секако потреба како на западот, така и на истокот и заради тоа од истите тој е и така СИЛНО поддржан и пред се РАЗВИВАН. Натпреварот Кенгур, е натпревар кој отвора широки можности не само за математички развој, туку и за развој во низа други дисциплини. Натпреварот Кенгур го креираат голем број на истакнати математичари (преку 260 професори), кои единствено се занимаваат со методика на настава по математика и КРЕИРАЊЕ НА МОДЕРНИ НАСТАВНИ СОДРЖИНИ. Секако деке ПОТРЕБАТА ГИ ПРИНУДИЛА НА ТОА во нивните наставни планови и програми, кои не се така различни од нашите. Овој натпревар ги креира и образува идните граѓани на оваа земја, без разлика со што тие ќе се занимаваат понатаму во животот, која ќе биде нивната професија и што ќе биде нивен интерес на делување. Нашите опструкции од било кој вид на овој престижен натпревар не враќа назад во минатото и во македонските математички води. Треба да изразиме почит кон колегите од Европа и од целиот светот кои постигнаа и тоа како големи резултати со овој натпревар.

            Оваа година овој натпревар ќе биде организиран на 24.03.2022 година на истиот начин како и во претходните години. Да се надеваме, и да поскаме, оваа пандемија од CoVid-19 полека да згасне и секој од нас на слободен начин да ги исполнуваме сопствените обврски, а ваквиот натпревар да се изведува како и пред пандемијата.

            Со огромно задоволство Ве покануваме да се пријавите на сајтот и да се регистрирате за on-line натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ, да земете учество на овој настан и да бидете дел од ова издание на овој престижен натпревар, заедно со илјадници Ваши врсници од целиот свет

До школите ќе биде испратена посебна покана, преку која вие ќе можете да се пријавувате групно. Можете без разлика на пријава на школата вие индивидуално да се пријавите. Дoколку има деца кои индивидуално се пријавиле, а во исто време и целата школа се пријавила, истите ученици кои се пријавиле индивидуално ќе бидат префрлени во училишната пријава.

ЛИНК  ЗА ПРИЈАВА ЗА КЕНГУР 2022

https://forms.gle/1GUauw5YerSxJn1QA

На линкот можете да се пријавите најдоцна до 19.03.2022 година. Цената за пријавување на Кенгур 2022 е 200 денари. 

На крај, колку ќе вложиш(најмалку тоа се однесува на финансиски аспект-туку многу повеќе од аспект на човек и родител) толку и ќе добиеш.

Повелете на КЕНГУР на 24.03.2022 година.

          Бордот на Армаганка за Кенгур