Нова книга: НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани граѓани 

Ве известуваме дека излезе насловот НАТПРЕВАРИ ПО МАТЕМАТИКА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ 2006-2019, Истата можете да ја најдете во делот книги, основно образование,  на овој сајт. Напорот да излези овој наслов секако дека беше голем, ако се има предвид невремињата во кои сите ние работиме. Овој наслов делумно обезбедува да излезете надовр од македонските шеми на математичко образование(ние како здружение пружаме големи можности и можеме да влијаеме да се случи преврат во нашата математика и образование, но како и обично, ние не знаеме да се слушаме меѓу себе, а камоли да се поддржуваме). Секако дека не може да се најдат кривци за таквата сотојба во македонската математика. Одговорности може да се бараат на многу места, но конечен финален одговор нема. Да не речеме дека како општество така се движиме, а најодговорните секако немаме основ да ги обвинуваме. На крај и тие работат за свое парче леб. Можда единствено грешно е што ние немаме слух да ги барем сослушаме оние кои најмногу вредат, а не се на раководни функции(на пример кои можеа да бидат кандидати за академици во странски академии итн). Оваа книга е само еден мал обид да се излезе од таа состојба, толку колку што се може(да забележиме дека се помал е бројот на наши деца кои успеваат да земат степендии на странски престижни па и непрестижни универзитети-дури ни оние најдобрите, што не било случај во претходните години). 

Книгата содржи рекорден број на задачи кои се појавија, посебно во периодот 2014-2019 година (со појавата на општинските натпревари по математика). Со еден потег нашите деца ги имаат сите задачи со комплетни решенија на дланка, а преостанува само да работат. Секако за тоа им треба силна поддршка од сите нас во целост како заедница. И од родителите, и од прекрасните наставници кои ги има во се помал број, и од директорите, и секако од невладиниот сектор(луѓе кои не се дел од системот за образование). Без таа поддржка, нема ништо, ќе бледнееме како заедница на луѓе и во математика, па и во се друго. 

Со почит 

Бордот на Армаганка за основно образование