ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП, 11.12.2021

ПОЧИТУВАНИ

Денеска, 11.12.2021 година во нашата држава се одржа 10-тиот Европски математички куп. Група од 10 ученици, ОЛИМПИЈЦИ,  покажаа извонредни квалитети, пред се од натпреварувачки дух и карактер(издржливост, работен дух,,,,,). За резултатите ќе почекаме до конечниот увид во писмените работи. Тие ученици излегоа, како и многу пати претходно, од македонската математика, и зедоа учество во еден престижен европски и светски математички натпревар. Ние можеме за се што денеска покажаа, да им честитаме и да им посакаме понатамошни успеси и на вакви натпревари, и секако во животот. Сепак учеството на вакви натпревари е голема чест за секој кој на нив учествува. 

Со почит

Бордот на Армаганка за меѓународни олимпијади