Нов наслов: РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАРИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 1978-2019

Почитувни колеги, почитувани ученици, почитувани Директори, почитувани ментори, почитувани родители

На оваа страна е поставена книгата РЕПУБЛИЧКИ НАТПРЕВАРИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 1978-2019 година. Во неа се содржат сите задачи кои биле натпреварувачки на Републичките натпревари(денешни Државни натпревари) во средното образование, од нивниот почеток до 2019 година. Вакви дела се прават по светот и ги има во многу држави. Сега ги има и во нашата држава. Насловот се создаваше подолго време, макотрпно, со огромен број на пребарувања по различни публикации, различни списанија, и секаде каде што можеа да се најдат тие натпревари. Оваа книга не беше предвидено да излезе на овој начин, но временските неприлики придонесоа таа да се појави на овој сајт, така како што е поставена. Секако тоа е круцијален момнет во овие македонски неприлики, кога имаме огромен пад на интересот за оваа најфудаментална дисциплина во науката, истата да се појави. На сите ученици им посакуваме истрајна работа, бидејќи истата е втор-трет чекор према светот во кој живееме, а се разбира пробив кон универзитетите во светот, меѓу кои се и најдобрите. Секоја математичка дисциплина бара внимателност и истрајност во нејзиното совладување, што секако дека нашите ученици или барем дел од нив го имаат. На сите им посакуваме пријатни моменти со овој наслов

Од Бордот на Армаганка