Нов наслов: РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 1978-2019

Почитувани средношколци, почитувани ментори, почитувани Директори, почитувани родители

Пред вас, на овој сајт,  е претставена книгата РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ 1978-2019 година. Книгата ги содржи сите регионални натпревари во средното образование, откога почнале да се одржуваат, до натпреварот што се одржа во 2019 година. Книгата некаде содржи и делови кои се од фундаментално значење во образованието на вашите деца. Се разбира дека тоа не е фундаментален проект, но секако е дело кое заслужува минимум почит. Тоа не е книга која обезбедува образование на највисоко ниво, упис на странски универзитети без проблем, но секако е дело кое е пат кон таа цел. Заради тоа внимателното и систематско проушување на оваа книга, заедно со некои други наслови, ќе придонесат да вашето дете, како и многу други кои вршеа проучување на вакви наслови да се најдат на светската мапа на универзитети, па дури и на најпрестижните. 

Книгата се содаваше подолго време, но односите во нашата математика не дозволија таа да излезе на бело видело до оваа година. Внимателно се пребаруваа најдобрите наслови од списанија, книги, помали наслови за да истата се создаде, што секако е мачен процес. Но на крај, покажуваме пред светот дека и ние од МАКЕДОНИЈА создаваме математика. Заради тоа, ви препорачуваме да ја симнете од овој сајт и да пристапите кон работа со вашите деца. 

Со почит

Борд на Армаганка