На 05.11.2021 година со учество на 16 натпреварувачи-олимпијци се одржа ИРАНСКАТА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2021. На сите учесници им го честитаме учеството, како еден од највозвишените чинови во нашето општество. Олимпијадата се одржа во три категории, и во сите три имавме учесници. Ние како мала земја треба да бидеме задоволни со овој настап, иако бројот на учесници може да биде и поголем, односно не е ограничен.