КЕНГУР 2021/2022-СОБРАНИЕ на Асоцијацијата KANGAROO SANS FRONTIERES, Antverpen Belgija, 2021

Почитувани колеги,

Убавите работи кои се случуваат, убаво е да се споделуваат, како со најблиските, така и со јавноста, секако дека ако тоа е можно. Нашата држава ја доби организацијата на

АСЕМБЛЕЈАТА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА KANGAROO SANS FRONTIERES ЗА 2023 година.

Убава вест за нас Македонците, албанците и сите други кои живеат во оваа држава, на кои оваа асоцијација им укажа доверба, и секако дека истата е убаво сите да ја знаат (на тајното гласање од 62 присутни членови на организацијата кои имаа можност да гласаат добивме 60 гласа ЗА, еден против и еден беше воздржан). Сега, останува да се направат опсежни и убави подготовки за да се претставиме пред светот, ние како држава, на преку 250 еминентни професори по математика, најдобрите методичари во светот, секој во својата држава, да не кажеме СВЕТСКАТА ЕЛИТА ЗА МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА. Во оваа асоцијација битен е и датумот на одржување на истата, и тој е од 11.10.2023-15.10.2023 година.

Целите на Армаганка се унапредување на математиката во Македонија и во светот, еднакви шанси за сите што сакаат да работат и афирмација на Македонската математика и нашиот образовен систем во светски рамки. Повелете на соработка. Секој добронамерен е добредојден.

Со голема почит,

Бордот на Армаганка за натпреварот КЕНГУР