ШКОЛА ЗА МАТЕМАТИКА-АРМАГАНКА 2021/2022

Почитувани колеги

ВЕ известуваме дека од денеска 20.10.2021 година официјално отпочнува со работа МАТЕМАТИЧКАТА ШКОЛА организирана од АРМАГАНКА.

Секако сме сведоци на обилен развој на математички школи кои се развија во нашата држава. Ние од Армаганка ги поздравуваме сите такви школи, кои во овие невремиња од различни аспекти на човековото живеење, се секако добредојдени. Некои од нив се успешни, некои се помалку успешни но како и да е сите се добри.

Оваа школа која ние ја организираме има малку поспецифична содржина. Генерално, оваа школа е поврзана со натпреварите по математика. Тоа и го лимитира начинот на нејзиното работење. Заради тоа, овде ќе ги наведеме основните принципи на работа на школата.

1. На ОЛИМПИЈАДИТЕ ПО МАТЕМАТИКА МОЖЕ ДА ДОАЃААТ-учествуваат  сите заинтересирани ученици, без РАЗЛИКА ДАЛИ ЈА ПОСЕТУВААТ ШКОЛАТА ИЛИ НЕ

2. Во школата може да учествуваат ученици кои уредно ќе присуствуваат на ОЛИМПИЈАДИТЕ кои ние ги организираме

3. Школата е БЕСПЛАТНА(секој заинтересиран ученик може да ја посетува доколку го исполнува претходниот услов 2)

4. Учеството во работата на школата, доколку е исполнет условот 2, не е пречка да слободно, секој ученик учествува на натпревари организирани од други организации, не исклучувајќи го ИМО, БМО, ЈБМО

5. Учесниците во школата се состануваат секој месец по најмалку еднаш на видео конференција (најчесто преку ZOOM митинг) која е обавезна. Не е исклучено да организаторот на школата да закаже и повеќе митинзи доколку за тоа има потреба.

6. Организторот на школата во исклучителни причини може и да го наруши принципот 2 од ове точки доколку за тоа има непремостлива потреба.

7, Секој пријавен ученик на олимпијадите кои ние ги организираме(од АРМАГАНКА) автоматски станува учесник во работата на школата.

8. Школата е дел од НЕПРЕКИНАТОТО МАТЕМАТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ кое ние од АРМАГАНКА го организираме во текот на своето работење.

Да напоменеме дека точка 2 не е дискриминаторска према било кој учесник во овие настани од математиката. Таа е ставена за да секоја школа по математика си организира сопствени припреми за учениците за натпреварите по матемтика.

Во овој момент школата работи и тоа од први октомври оваа година со непрекинато испраќање на олимписки задачи до нашите пријавени учесници на ОЛИМПИЈАДИТЕ.

Со очит

Претседател на АРМАГАНКА, проф. д-р Алекса Малчески