ЕВРОПСКИ МАТЕМАТИЧКИ КУП

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ

Ве известуваме дека ЕВРОПСКИОТ МАТЕМАТИЧКИ КУП во учебната 2019/2020 ќе се одржи на 14.12.2019 година. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Машинскиот факултет-Скопје со почеток во 14:00 часот. Поместувањето на времето на одржување е оправдано, бидејќи учениците од 9 одделение од општинските основни училишта во периодот од 10:00 часот до 14:00 часот ќе учествуваат на изборен тест за пристапување во средните приватни училишта во град Скопје и општо во Република Македонија. 

Ве известуваме , исто така, дека во периодот од 13:00 до 14:00 часот во просториите на мАшинскиот факултет ќе се одржи ДОДЕЛУВАЊЕ НА МЕДАЉИТЕ од Иранската геометриска олимпијада 2019 година. По тој повод, ги покануваме сите добронамерни корисници на вакви настани да земат учество на овој возвишен чин за нашите основци и средношколци. Во исто време ќе доделат и медаљите кои се заостанати од ФИНСЛНИОТ МАТЕМАТИЧКИ КУП. 

Со почит

Алекса Малчески,

координатор на меѓународни натпревари при АРМАГАНКА