ВТОРО СООПШТЕНИЕ-CODEMA 2022

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ,

Со ова писмо Ве покануваме на настанот,

II Конгрес по диференцијални равенки, математичка анализа и примени   CODEMA 2022

кој во исто време е и

 X семинар по диференцијални равенки и анализа

Одма да напомене дека овој конгрес, кој е и ЈУБИЛЕЕН десетти симпозиум по диференцијални равенки и анализа го посветуваме на живото и делото на нашиот доајен во теоријата на диференцијаните равенки и наш драг професор

Проф. Д-р ДРАГАН ДИМИТРОВСКИ

Веднаш да напоменеме дека во моментов, живееме во свет во кој веќе ништо не може да се предвиди со сигурност благодарение на чумата на овој милениум CoVid-19. Ние, како индивидуи, не можеме да сториме скоро ништо, што се однесува до болеста, т.е. CoVid-19. Тоа е катастрофа што тивко, некаде брзо, некаде полека се пробива и го наоѓа својот пат. Сепак, ние како математичари и луѓе кои работиме во областа на математиката од наша сопствена гледна точка, мораме и можеме, како и другите професии, да се прилагодиме на оваа зло на милениумот. Сега за сега, ситуацијата е и добра и не е добра, а за повеќе од една година, се надеваме дека ќе биде нормална или барем нормална.  

Овде да напоменеме дека се случуваат и нови ситуации. Заради тоа CODEMA 2022 година ќе се спроведе на еден од следните начини

1. on-line

Ова може да се случи во ситуации кога болеста ескалира, како што тоа е во оваа ситуација. Ако буквално нема можност за никакво патување, оваа манифестација која има своја долга традиција ќе се одржи КОМПЛЕТНО оn-line.

2. Комбинирано и тоа on-line и со физичко присуство.

Ова ќе се случи ако со болеста настани ситуација која беше во добрите периоди на развојот на болеста. Со други зборови, различни земји ќе имаат различна ситуација и ќе предвидуваат различни мерки на претпазливост. Тогаш ќе имаме и средба во ХОТЕЛ, а во исто време ќе имаме и on-line вклучени учесници-за секој кој ќе го пријави своето учество. Според нас, ова е најсигурна форма која ќе се случи, но останува да видиме.

Да напоменеме дека во разговор со моите колеги-соработници, одлуката беше едногласна да не се одложува настанот на неодредено време и да се чека погоден момент за да се одржи, така како што беше во 2020 година. Одлучивме да се направи комбинирана конференција и тоа со ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО - ИНТЕРНЕТ конференција - според техничките можности што ги имаме во моментот, кај нас, како и воопшто во светот, како што и претходно е појаснето. Конечно, физичкиот дел од конгресот (доколку тоа е можно) ќе се одржи во Охрид, хотел Metropol Lake Resort, во периодот

22 септември - 25 септември 2022 година.

Сите дополнителни информации и формулар за регистрација можете да ги најдете на веб-страницата:

https://kongres.org.mk/

кои ќе бидат поставени во периодот 10.11.2021-20.11.2021 година.

По тој повод, ВЕ ПОКАНУВАМЕ да земете учество на овој комбиниран настан и тоа со Физичко присуство-Интернет, во кој можеби нема сите да бидеме на едно место, но сè друго останува исто. Квалитетни статии и квалитетни учесници го прават еден настан достоен да се почитува во светот. Малите работи го прават светот голем. Па и вака мала конференција со најмалку една добра статија може да не направи препознатливи во светот, без разлика дали е таа од наставник во основно образование(одделенска настава) или пак наставник на универзитет(вклучувајќи ги и најпрестижните). За тоа сме и сведоци во постоењето на светот. Секако, средствата што ќе треба да се уплатат за учество на овој настан ќе бидат различни, во зависност од Вашето учество (on-line или со физичко присуство), што секако е логично. Првото соопштение за учество на овој настан и дополнителни придружни документи потребни за секој учесник ќе ви бидат испратени по е-пошта до Вас.

Особено сакаме да нагласиме дека на овој настан е одвоено посебно место за организација на конференција за образование наречена САТЕЛИТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕТОДИКА НА МАТЕМАТИКА - СКММ. Чест ни е да ги поканиме сите колеги, професори по математика од ОСНОВНИТЕ и СРЕДНИТЕ училишта во нашата земја, како и колегите од целиот свет. Секако, во рамките на оваа конференција се возможни и најразлични други работилници од најразлични други теми и области од математиката. 

За учество на овој настан, како и обично, ќе бидат издадени сертификати за учество, сертификати за презентација и која било друга форма на сертификати што следат на секој конгрес. Сертификатите ќе ги добиете во електронска форма, а исто така, истите сертификати ќе бидат испечатени и испратени до Вас по пошта во ХАРТИЕНА форма на Вашата адреса, заедно со книгата на апстракти што ќе бидат отпечатени и испратени до Вас.

Реалиизацијата на оваа конференција / симпозиум / конгрес ќе се одржи преку еден од начините за одржување на вакви настани (како што се Microsoft Teams, Zoom или некоја друга платформа) за што дополнително ќе Ве информираме.

За сите Ваши дилеми и/или прашања може да се обратите на следниот e-mail

armaganka.makedonia@gmail.com.

Се надеваме дека ќе го збогатите овој настан со Вашето присуство, како учесници на оваа манифестација. 

Со почит, Организационен одбор на CODEMA 2022.