Денеска на ден 30.09.2021 година се одржува ФИНАЛНИОТ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2021 година. Големи две изненадувања за нас од АРМАГАНКА. Бројот на земји кои се пријавија на овој настан кој трета година се одржува во организација на АРМАГАНКА е за нас, а веруваме и за цела Македонија импозантен. Петнаесет држави зедоа учество на овој настан. Прво, бројот на учесници е голем, но ќе оставиме да видиме на крајот сепак која ќе биде крајната бројка. Второ, бројот на учесници од нашата држава е мал. Покрај сите наши реклами, сепак мал број на деца се одлучија да земат учество на оваа значајна манифестација во светски рамки.
Овој настан е голем бидејќи во on-line верзија постигна некои од значајните цели зошто и го создадовме. Оваа година имаме и претставници од држави кои самите се поријавија, без нивните држави како патрони во учеството. Тоа е најзначајниот придонес во македонската и светската математика. Сепак на лични искуства знаеме што значи да си елиминиран неправедно со административна одлука на некого и да не можеш да ги продолжиш учествата на натпреварите по амтематика. Тоа со овој ЧИН НА АРМАГАНКА и создавањето на ФМК е елиминиран. На сите такви учесници им честитаме за храброста за нивниот настап.
На сите им честитаме за учеството и им посакувам добри резултати на оваа манифестација.