ПРИЈАВА ЗА ФМК 2021

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ

Секако дека оваа година можеме да бидеме повеќе од задоволни како од пријавата како на држави, така и од бројот на учесници(оние кои до сега испратија пријави за учество) на FMC 2021 година. Оваа година имаме и наптреварувачи кои се пријавија САМОСТОЈНО, од ДРУГА ДРЖАВА, што беше една од нашите главни цели. Сепак бројот на пријави од 13 земји со 14 листи-пријави и огромниот број на ученици кои се пријавени на овој натпревар е секако голема бројка за нас од МАКЕДОНИЈА. Македонија има мал број на пријавени учесници, но ние сепак сме задоволни и од таа бројка. Сепак нашата девиза е дека и еден учесник е голема бројка за нас(ако се има предвид бројот на упишани студенти на математика воопшто во Македонија, и вкупната состојба со нашите МАТЕМАТИЧКИ ИНСТИТУЦИИ за кои се потрошија не така мали финансиски средства). Како проблем се наметна дека учениците/олимпијци не можат да се пријават преку меил, па заради тоа поставуваме google-forma преку кој можете да се пријавите:

https://forms.gle/KA9fq5nVTjN4Hp4U7

Рокот на пријавување е до 29.09 2021 година до 23:59 часот. Секој ученик, кој има желба да учествува на овој СЕПАК САМО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАЕН НАСТАН може тоа да го направи како што е претходно кажано. 

Со почит

проф. д-р Алекса Малчески