Медитеранска математичка олимпијада 2021-ФИНАЛНИ РЕЗУЛТАТИ

Почитувани олимпијци

Најмалку од се е да реагирам на вашето непријавување на вака значајни натпревари кои се прават само во ваш интерес.... Денеска во попладневните часови пристигнаа резултатите од МЕДИТЕРАНСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА....Иако само со три ученици, ние зедовме учество на овој престижен натпоревар...После долго прегледување на задачите од страна на организаторот, НИЕ ОД МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ОСВОЕНО ЕДНА ЗЛАТНА и ДВЕ СРЕБРЕНИ МЕДАЉИ... На нашите учесници ЛУКА ГРАШКОВСКИ, АЛЕКСИЈ ТАСИЌ и ДАВИД СТАВРОВ им го честитаме овој несекојдневен успех.... Иако учество зедоа релативно намален број на учесници, тоа не го затемнува успехот на овој наш тим на овој натпревар. Сепак по втор пат, имаме FULL SCORE на еден меѓународен натпревар.... Благодариме дечки.... 

Со почит

Организационен БОРД за Медитеранска математичка олимпијада