ФИНАЛЕН КРУГ од МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2021-конечни резултати

ПОЧИТУВАНИ

Поминаа точно  седум дена, како што и обеќавме од Финалниот круг од Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2021 година. Впечатоците од овој натпревар по сите основи се подобри од оние во првиот круг. Силна дисциплина, силно академство, одлични резултати. На сите учесници, посебно на оние наградените им го честитаме овој успех. Секако должиме и извинување за сите напревени пропусти, посебно во делот на превод на задачите на албански јазик за учениците од 6-то одделение до IV-година, кои и се откажаа од истиот. Во прилог е списокот од наградените ученици. Сите останати ќе добијат сертификати за учество на овој настан. 

дипломи       види тука

Посебно нагласуваме дека дипломите и медаљите ќе можете да ги подигнете од Машинскиот факултет во Скопје на 30.06.2021 година, во 12:00 часот. Истото ќе можете да го направите и на 25.08.2021 година со почеток во 12:00 часот.

Со почит 

Борд за КЕНГУР 2021 година