МЕДИТЕРАНСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2020

Почитувани олимпијци, ментори, родители

Ве известуваме дека за точно 30 дена, т.е. на 08.06.2020 година,  ќе се одржи Медитеранската математичка олимпијада 2020 година. На истата право имаат да се пријават сите ученици од Македонија. Рокот за пријавување е 07.06.2020 година до 23:59. Ве известуваме дека, отсега натаму сите учесници, односно најдобрите решенија на учениците на оваа олимпијада, како и на сите наредни олимчиојади кои воопшто се организираат во Македонија ќе бидат презентирани во меѓународното списание МАТЕМАТИКА +. Истото можете да го видите на страната 

http://www.matematika-plus.eu/

Излезете од македонските рамки и застанете на позициите на меѓународна акредитација на вашите резултати, кои несебично ќе бидат споделени во најмалку европски рамки од наша страна. 

Со почит 

Бордот на АРМАГАНКА за меѓународни натпревари