КЕНГУР 2021//ТУРНИР НА ГРАДОВИ 2021-пролетна тура//on-line регистрација

ПОЧИТУВАНИ

Повод за нашето обраќање е општата согласност на членовите на друштвото за одржување на олимпијадата 

ТУРНИР НА ГРАДОВИ (14.03.2021 и 28.03.2021 се натпреварувачки денови)

Секако дека ваквите олимпијади треба да се носечки во развојот на македонската математика. Заради тоа ве покануваме на овој престижен натпревар кој како и многу натпревари во државата носи силни бенефити за натпреварувачите. Што е добро а што не е добро оставаме на вас, да се пријавите или да не се пријавите за оваа олимпијада. 

Членовите на нашето здружение секако дека се загижени за состојбата на македонската математика, секако броејќи ги сите негативни чекори кои се случуваа во нашиот образовен систем, во последните 30 години до ден денешен, како во останатите природнаучни дисциплини, така посебно во математиката. Загриженоста е посебно присутна од тоа што во последниве две години силно е запоставен развојот на МАТЕМАТИЧКАТА ЛОГИКА во целокупниот наш образовен систем-во делот математика, кој за жал е и  ИНСТИТУЦИОНАЧНО ПРЕДИЗВИКАН, кое секако има последици и врз општествените движења (меѓудругото има инсититути кои се на работ на егзистенција- а сепак не се реформираат и остануваат исти какви што биле). Од такви и слични причини ве информираме дека има доволно време за промени да отпочнат. Како прв чекор ви го препорачуваме 

МЕЃУНАРОДНИОТ МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2021

Сепак тоа е наптревар кој во својата суштина е апсолутно прилагоден на возраста на учениците, соодветен избор на задачи кои во својата концепција се и на повисоко ниво од тоа што се креира од нашите математичари а е понудено за натпревар(него го креираат преку 300 извонредни професори од цела Европа и пошироко). 

Промените се ваши, живеењето е ваше, делата се ваши. Повелете на натпреварите кои ги организира нашето здружение. 

on-line регистрација за Турнир на градови   види тука