ПРОТОКОЛ ЗА on-line НАТПРЕВАР ЗА КЕНГУР 2021 година

Почитувани 

Во долниот прилог се правилата за одржување на меѓународниот натпревар КЕНГУР 2021 година. На крај на веста истиот материјал ќе го имате и во ПДФ форма. 

ПРОТОКОЛ  за одржување на

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2021

            Оваа година, Меѓународниот математички натпревар Кенгур 2021 ќе се одржи на 18 март 2021 со почеток во 11 часот во шест категории како и до сега. Но оваа година тоа ќе се направи комбинирано, односно on-line и со физичко присуство, во зависност од условите кои се наложени од ситуацијата со пандемијата CoVid-19, начинот на кој се пријавиле учениците и возраста на натпреварувачите. Затоа, Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство, пронајдете го делот кој се однесува на Вас и Ве молиме строго да се придржувате до него. Секако, ако имате нејаснотии, прашања и дилеми, Ве молиме да се обратите кај Проф. д-р Алекса Малчески, на тел. 076/220414 или на email: kangaroo.macedonia@gmail.com.

1.Натпревар КЕНГУР 2021 со физичко присуство

Натпреварувачите кои ќе се натпреваруваат со физичко присуство, за кои има такви услови, и се пријавиле преку пријава од училиштето во кое учат, натпреварот ќе се одвива како и до сега-со физичко присуство. Доколку има ученици од истото училиште кои не можат да учествуваат на натпреварот со физичко присуство, одговорните наставници треба да им ги испратат задачите преку меил (за тие учленици важат условите кои се предвидени за on-line натпревар-види точка 2-од овој допис). Одговорниот наставник ќе добие овие материјали како и претходните години-кутија со материјали. Исто така одговорни наставници, задачите ќе ги добијат и во електронска форма, пред самиот почеток на натпреварот(15-30 минути). Одговорите ќе се внесуваат на стандардните ливчиња за одговори(во хартиена форма), кои одговорниот наставник по завршувањето на натпреварот треба да ги достави по пошта на адресата која ќе му биде посочена во материјалите за натпревар.

2.Натпревар КЕНГУР 2021 - on-line со наставник- ментор на ученикот

За групна пријава на група ученици кои ги пријавува наставник-ментор, без разлика дали е преку училиште или не, за кои не постојат услови да се натпреваруваат со физичко присуство преку училиштето во кое учат, односно кои што ќе се натпреваруваат on line, потребно е да имаат пред себе компјутер и интернет мрежа. Одговорниот наставник ќе ги добие задачите на mail со кој ја пријавил својата група ученици и е должен да ги достави до своите ученици исто така на mail. Заедно со задачите, наставникот ментор ќе добие линк за Google форма за внесување на одговорите кој што линк треба да го сподели со своите натпреварувачи. Задачите и формите за одговори наставникот ментор ќе ги добие 15-30 минути пред почетокот на натпреварот.

            Наставникот ментор е одговорен за придржувањето на условите на одржување на натпреварот за својата група натпреварувачи и е должен доследно да ги спроведува истите. Исто така сноси одговорност за доставување на точните задачи и форма за одговори до секој натпреварувач од неговата група.

               3.Натпревар КЕНГУР 2021 -on line со родтел-старател  на ученикот

За индивидуални пријави, каде што родител го пријавува своето дете (едно или повеќе) улогата на наставникот-ментор од точка 2 ја презема родителот-старател кој ја поднел пријавата и за него важи истото што е наведено во точка 2.

4.Натпревар КЕНГУР 2021 за полнолетни граѓани

            Ако натпреварувач кој е полнолетен сам се пријавил на натпреварот, тој на својот mail со кој се пријавил ќе ги добие задачите и линк до формата за одговори 10-15 минути пред почетокот на натпреварот. За него важат сите услови од точка 2 од овој допис

5.Важни соопштенија за on-line натпревар КЕНГУР 2021

            Важно за сите натпреварувачи што се натпреваруваат on-line: за секоја категорија, формата за одговори е различна. Ве молиме да проверите дали е онаа наменета за Вашата категорија, па потоа да пополнувате. Исто така важно е и следното: за да завршите со натпреварот(1 час и 15 минути од добивањрто на материјалите), треба да кликнете на полето Submit/Испрати на крајот на формата. Тоа треба да го направите најмногу 30 минути по завршување на вашето решавање на задачите. Потоа нема да може да се вратите назад за да направите корекција на одговорите. Штом еднаш кликнете на полето Submit, натпреварувањето за тој натпреварувач е завршено.

           Многу важно: личните податоци во формата за одговори мора да се идентични како оние што се наведени во пријавата за натпреварот.

КОМПЛЕТНО ПИСМО   ПДФ ФОРМА     види тука