ON-LINE регистрација за МОСКОВСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2021, 2-6 одделение

Почитувани колеги

Со најновите измени во начинот на регистрација секако дека ќе се олесни начинот на регистрирање на вашите ученици за овој НАЈПРЕСТИЖЕН натпревар од математиката, кој е согласен со нашиот предлог за наставни програми за ученици од 2-6 одделение, кој е дел од оваа страна. Во прилог ќе наведеме неколку одвоени делови-технички детаљи кои се однесуваат на успешната регистрација на различни категории натпреварувачи(сите натпреварувачи, како и да се регистрирани се рамноправни). 

1. Регистрација на училишта кои ќе се регистриаат со пополнување на excel-документ во вид на табела

табела за пополнување за Московска математичка олимпијада 2021     види тука

2. Видови на индивидуални регистрации на ученици(за ученици од училишта кои решиле да не учествуваат на овој натпревар)

      За да се пријавите вие или вашата група на Московска математичка олимпијада 2021 треба да ја пополните пријавата која ја имате на следниов линк 

https://forms.gle/AAfeNg6i2j79pGAR9

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ПРИ АКТИВИРАЊЕТО НА претходниот линк:

1.при активирање на линкот може да се појават вашите google account-и кои вие ги имате (еден, два или повеќе)

2.вие морате да го кликнете вашиот google account кој ќе морате да го наведете при пополнување на формата за регистрација

3.потоа од вас апликацијата ќе побара пасворд на google account-от кој мора да го внесете во формата (претходно наведениот)

4. на крај ќе се отвори апликацијата за ваша регистрација за Московска математичка олимпијада 2021 која во ознаките кои се со * морате целосно да ги пополните

ВАЖНА НАПОМЕНА: Пријавата може да ја пополните само со gmail account(вашиот google meil; на пример spiridon.taseski@gmail.com). Исто така, пријавата ја пополнувате откако ќе уплатите котизација за секое дете одвоено(може и на една уплатница за повеќе деца), бидејќи треба да ја приложите уплатницата во неа.

Пријавата ја пополнува наставник-ментор или родител-старател. Со пополнување и соодветно поднесување на формата, вашата пријава/пријави е/се извршена/и. Треба да се направи за секој ученик кој го пријавувате одвоено. Ако сте професор и пријавувате поголем број ученици, или имате недоумици околу пријавувањето, Ве молиме претходно да го контактирате Проф. д-р Алекса Малчески на тел. 076/220414 или на email: kangaroo.macedonia@gmail.com.

Кога ќе ја поднесете пријавата треба да го видите следново:

види слика

Ве молиме не го затворајте овој прозорец веднаш. Притоа, прво проверете на Вашиот gmail account со кој сте ја поднеле пријавата и проверете ги строго податоците што сте ги внеле во пријавата. Многу е важно податоците да се без грешки заради иработката наредната активност, изработка на сертификат(и). Ако сакате нешто да поправите, одберете "uredite svoj odgovor" и направете ги поправките за соодветната личност, а ако сакате да пополните пријава за друг натпреварувач одберете "poshalji drug odgovor".

ПРИЈАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА И ЗЕМЕТЕ УЧЕСТВО НА ОВОЈ НАЈПРЕСТИЖЕН НАТПРЕВАР ОД ЕЛЕМЕНТАРНА МАТЕМАТИКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД 2-6 ОДДЕЛНИЕ
Ве очекуваме на Московска математичка олимпијада 2021.