ON-LINE регистрација за OFMA 2021 (олимпијада по финасиска математика и актуарство)

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ

Секако дека во општ случај мораме сите да си признаеме дека се наоѓаме во свет на финасии, инвестиции, развој. Секако дека тоа е жестоко присутно и во нашата средина, а за кое некои се свесни а некои не се. Но како и да е, ние како македонска заедница мораме да одржуваме силна врска со останатиот свет во сите сфери на овој сегмент на живеење. Од претходните причини, нашето здружение претходните неколку години организира натпревар ОФМА-олимпијада по финасиска математика и актуарство. И оваа година таа олимпијада ќе се организира. Секако дека малку е тешко покрај пандемијата COVID 19, но тоа е тоа и мора да се прави. Заради тоа натпреварот ќе се одржи 

ON-LINE

Линкот на кој вие можете да се пријавите за оваа олимпијада е 

https://forms.gle/EhD9wBVTfpK9cztV8 

Натпреварот ќе се одржи на 21.02.2021 година со почеток во 12:00 часот. Во овој момент на натпреварот може да учествуваат и учениците од 9-то одделение. 

Убава прилика за вас. ПОВЕЛЕТЕ НА OFMA 2021. 

Борд на Армаганка за меѓународни натпревари