НАТПРЕВАР КЕНГУР 2021//натпревар МОСКОВСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2021//натпревар ОФМА 2021

Почитувани граѓани на Македонија

Овој меил е наменет за граѓаните со ДЕМОКРАТСКА ОРИЕНТАЦИЈА од нашата држава, и од цела Македонија. Во нашата држава секоја година се одржува меѓународниот натпревар KANGAROO SANS FRONTIERES, или просто Кенгур. ВО светот тоа е натпревар кој зазема широки рамки/граници во образованието на учениците(и веќе соодветни комуникации на организаторите на овој натпревар со институциите на Европската Унија), а посебно оние најмалите. Имаме изолирани случаи, од одредени директори за негирање на овој натпревар-сме немале акредитација од МОН. Не навлегуваме во причините за овие настани, но секако тоа е резултат на недемократски тенденции во нашата држава(заостаток од некогашни времиња во нашата земја не навлегувајќи во природата на тие настани-впрочем тоа е проблем кој треба да си го решат локалните управи).

Одма да кажеме дека МОН не дава акредитации за МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ-па така никој не може да има таква макеоднска АКРЕДИТАЦИЈА(да напоменеме дека точно преку МОН се организира бугарски натпревар во нашите училишта и тој и тоа како се наплаќа). Во прилог подолу ја поставуваме АКРЕДИТАЦИЈАТА која е добиена од најмоќната организација која се занимава со образовна математика во Европа па и во светот assembleja KANGAROO SANS FRONTIERES(види прилог на оваа вест).

За учениците кои НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ да се пријават преку своите школи за учество на овој најпрестижен МЕЃУНАРОДЕН натпревар од областа на образовната математика, како и за сите други наши натпревари-кои се МЕЃУНАРОДНИ, и за кои имаме соодветни акредитации, ве ИНФОРМИРАМЕ и ПОСОЧУВАМЕ дека може да учествуваат на овој натпревар, како и на сите наши натпревари, а тоа може да го направат после 05.03.2021 година  и тоа

On-line

(сите наши натпревари ќе се одржуваат on-line). Ве известуваме дека за натпреврот КЕНГУР 2021 можете да се пријавувате сите и тоа

                         1.школите до 14.03.2021 до 23:59

                         2.лично преку соодветната апликација која ќе биде поставена на сајтот www.armaganka.org.mk. до 16.03.2021

Истото важи и за било кој друг наш натпревар во однос на најавувањето за натпревар.

акредитации за натпрезрот КЕНГУР 2021_01     види тука

акредитации за натпрезрот КЕНГУР 2021_02     види тука

Со почит

Бордот на Кенгур 2021