Официјално писмо покана за КЕНГУР 2021

Почитувани ШКОЛИ, Директори, ментори, наставници, родители, ученици

Се наоѓаме, во период кога сите вие сте просто бомбардирани со редица на активности кои се спроведуваат во македонското образование. Ние можеме да оценуваме само она што се случило а не и она што ќе се случи. Дел од тие активности секако имаат свој континуитет во подолг временски период. Па во тој тон, ве известуваме дека и оваа година ќе се одржи МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2021 година. Тоа е традиционална активност на една силна ЕВРОПСКА МАТЕМАТИЧКА АСЕМБЛЕЈА, која секоја година врши свои активности и го организира овој натпревар. Така и оваа година, on-line се одржа состанок на Асемблејата на Кенгур и се избраа задачи. Одлуката беше дека прв ден за овој натпревар е 18.03.2021 година, како што е и традицијата од претходните години. Натпреварот, како што налагаат условите ќе се одржи или on-line или на традиционален начин во школите како и досега. Веќе не е во ред да даваме детаљни описи за овој натпревар, кој сите вие го знаете. Заради тоа ВЕ ПОКАНУВАМЕ да земете активно учество на овој настан, кој сега е веќе и поинаку обоен... Заради тоа ве покануваме да го прочитате и писмото покана кои е логирано на овој сајт во оваа вест.  

Писмо покана   види тука

Борд за Кенгур 2021