SEEMOUS 2021

ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ

Посебна чест ми е задоволство да ве информирам дека и оваа година, како и претходните неколку години ќе учествуваме на натпреварот SEEMOUS 2021 година. Оваа година имаме посебно добри услови за одржување на истата. Таа ќе се одржи во периодот 10-15 мај 2021 година. Дoмаќин на овој студентски натпревар е КИПАР. Припремите за овој натпревар ќе отпочнат на 16.02.2021 година на Машинскиот факултет. ПРАВО НА УЧЕСТВО ИМААТ СИТЕ СТУДЕНТИ ОД РЕПУБЛИКА С. МАКЕДОНИЈА-без ограничувања. Во моментот единствен услов е студентот да е најмногу 2 години на студии и да нема освоено повеќе од 120 кредити во текот на студиите до 15.05.2021 година. Припремите за оваа најпрестижна олимпијада се БЕСПЛАТНИ. Останатите услови како што е on-line напревар или натпревар со физичко присуство ќе бидат објавени дополнително. Причина за тоа е секако пандемијата COVID 19.  Да се надеваме дека ќе имаме благопријатни услови за учество на истата. Пријавување на студентите, од било кој факултет, за учество на припремите за овој натпревар може да го најават на меилот

               aleksa.malcheski@mf.edu.mk

Термините за припреми дополнително ќе бидат објавени. Условите за работа на припремите за овој најпрестижен натпревар за студенти од областа на математиката во нашиот регион и многу пошироко(втор натпревар во светот од овој вид), ќе бидат објавени во текот на припремите.

Со почит

Проф. Д-р Алекса Малчески