МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР, УЧЕБНА 2020/2021

ПОЧИТУВАНИ, УЧЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ОДГОВОРНИ НАСТАВНИЦИ, НАСТАВНИЦИ,РОДИТЕЛИ

Ве известуваме дека математичкиот натпревар КЕНГУР 2021 година ќе се одржи на 18.03.2021 година. Традиционално како и секоја година секое училиште овој натпревар го организира самостојно, во соработка со нашето друштво. Правилата за одржување на овој најпрестижен натпревар од областа на математичката логика во светот, остануваат скоро непроменети. За  сите дополнителни промени, кои секако одат во ваша корист,  кои ќе се случат, а се поврзани со натпреварот ние дополнително ќе ве информираме во текот на месец јануари. Секако ќе ви ја соопштиме веста дека нашето здружение е конкурент за организација на генералниот митинг на АСЕМБЛЕЈАТА НА КЕНГУР во една од наредните години, поточно 2024 или 2025 година(тој се одржува во месец октомври на кој земаат учество преку 250 најистакнати професори од областа на математиката и математичкото образование и на кој се бираат задачите за натпреварот кенгур за таа година). Согласно нашето непречено учество на овој натпревар ќе има големо влијание, а посебно вашето учество и поддршка за да го добиеме тој термин. Тоа секако ќе биде голем плус за нашата земја во сложените соодноси во светски рамки. Заради тоа ве покануваме да се пријавите на кенгур 2021 година и да земете масовно учество. 

Како и што е вообичаени, пријавувањето е на меилот 

        armaganka.makedonia@gmail.com

или не телефон: 076 220 414, во периодот од 12:00 до 14:00 часот. 

Со почит 

Борд на Армаганка за натпревар KANGAROO SANS FRONTIERES