Московска математичка олимпијада-прво писмо покана

Почитувани Директори, Наставници, Ментори, Родители, Граѓани

            Помина подолго време откако не сме ви се обратиле писмено преку средствата за јавна комуникација. Секако дека за тоа генерално е крива пандемијата COVID 19, де факто и де јуре, која целиот свет го поремети во нормалното работење. Но како и секаде во светот така и ние во нашата мала држава решивме да ви се обратиме и да ја продолжиме соработката. Секако дека организирањето на натпревари, иако за вас е дополнителна работа, игра важна улога во вашиот наставно образовен процес и кариера на наставниците секако. Така оваа година, како и во многу напредни земји во светот, и ние во нашата држава решивме да организираме натпревар олимпијада а тоа е -МОСКОВСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМИЈАДА 2020. Тоа се случува за првпат кај нас,  и што за вас е малку невообичаено. Природно математичкото здружение АРМГАНКА, без разлика на околностите кои ќе бидат во нашата држава, односно дали ќе бидеме  принудени да организираме on-line натпревар или пак натпревар со физичко присуство, реши да го организира натпреварот Московска математичка олимпијада. Тоа е олимпијада која се организира во многу места во светот. Идејата за организација на овој натпревар кај нас е во тоа, што тој веќе подолго време се организира во светот, а ние како мала земја не го организиравме до сега. Трендовите кои владеат во светот, а кои сепак во финална верзија преминуваат во сурова реалност, мора да ги пратиме, за да обезбедиме развој на нашите најмлади членови на заедницата- учениците од второ до шесто одделение. Нашите деца не се ништо помалку вредни од било кои во светот, па зошто и да не се натпреваруваат на натпревари на кои се доделуваат ДИПЛОМИ, МЕДАЉИ, СЕРТИФИКАТИ за УЧЕНИЦИТЕ, МЕНТОРИТЕ; ШКОЛИТЕ. Повелете на Московска математичка олимпијада- ОБОГАТЕТЕ ГО ВАШИОТ АМБИЕНТ ВО КОЈ ЖИВЕЕТЕ И РАБОТИТЕ СО МЕЃУНАРОДНИ СЕРТИФИКАТИ.

            Иако натпреварот е во месец февруари, пријавувањето како на поединци така и на цели екипи може да отпочне. Секој работен ден, од понеделник до петок до крајот на овој месец и идниот месец јануари на телефон 076220414 во периодот од 12:00 до 14:00 часот(за ппонатаму дополнително ќе ве известиме). На меил адреса, пријавување како индивидуално така и групно е на е-меил адресата  

            armaganka.makedonia@gmail.com

            Во прилог е писмото покана за учество на оваа олимпијада. Учеството може да биде поединечно(секој родител може да си го пријави сопственото дете) и групно-преку соодветните ментори на школите со групна пријава.

            Како и да е, секој почеток е тежок, доколку самите организирано не си го олесниме.

           писмо покана    види тука

            Со почит

            Бордот на Армаганка за меѓународни натпревари