Иранска Геометриска Олимпијада 2020-финални резултати

ПОЧИТУВАНИ

На 30.10.2020 во нашата земја се одржа Иранската Геометриска Олимпијада 2020. На оваа олимпијада нашата земја постигна одличен резултат, и можеби досега најдобар на оваа олимпијада. Нашата земја освои ЗЛАТЕН МЕДАЛ. Златниот медал го освои АЛЕКСИЈ ТАСИЌ. Во истата категорија се освоија и две сребрени медаљи и тоа Дамјан Давков и Калина Милисова. Во предвид мора да ги земеме и останатите осум медаљи, освоени во останатите две категории и тоа од: Блаже Суклески, Јасна Илиева(advanced level), Марија Атанасова, Никола Цветановски, Давид Ставров, Ивона Зикова, Мајкл Георгиевски и Емилија Николовска(intermediate level).  Секако златниот медал е важен бидејќи е решена задача(задача 5) која ја решиле само двајца натпреварувачи во светот. Но секако мораме да им се заблагодариме и на останатите натпреварувачи за кои нивното учество на овој престижен настан е многу повеќе од значајно. Уште повеќе, мора да се напомене клучната улога на целата екипа која го постигна овој успех, секако вклучувајќи ја крајно професионалната комисија за олимпијади. Секако дека овој успех е постигнат од нашето здружение како носител на овие активности и семејствата кои своите сили ги вложиле во учество на вакви настани. Како и да е успехот е на сите нас заеднички. 

Резултати од ИГО 2020

категорија elementarу       види тука

категорија intermediate     види тука

категорија advanced         види тука

Со почит 

Бордот на Армаганка за олимпијади