ВО делот КЕНГУР на оваа страна се поставени натпреварувачките задачи од натпреварот КЕНГУР 20202. година. Ваквото доцнење се должи на екстремно лошата ситуација со пандемијата COVID 19. Заради тоа се извинуваме. Наскоро ќе има комплетно соопштение како ќе се постапи со овој натпревар во учебната 2020/2021 година. Условите се сложени, но ние се надеваме дека ќе најдеме начин истиот да се одржи така како што треба.
Во исто време ве информираме дека исто на оваа страна ќе бидат поставени задачите од други две олимпијади, кои веќе се одржаа во нашата земја, генерално успешно, а тоа се ТУРНИРОТ НА ГРАДОВИ и ИРАНСКАТА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2020 година. Секако дека со тоа се обогатува македонското поднебје со актуелни настани кои се случуваат во целиот свет.