МОСКОВСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2021, 2-6 одделение

ПОЧИТУВАНИ

Ученици, Родители, Директори, Ментори, Наставници

Во текот на месеците ЈАНУАРИ-ФЕВРУАРИ ќе се одржи олимпијада за учениците од второ до шесто одделение. Одржувањето на олимпијади секако дека не е стандардна работа, како што покажува периодот на неколку години на одржување на ваков вид на натпревари на македонско тло. Но, како и да е резултатите од сите олимпијади се секако изненадувачки. Тоа се покажа, како на јуниорско, така и на сениорско ниво, што може да се забележи ако се внимателно разгледува оваа web-страна. Тоа беше основниот повод кој не поведе да за нашите ученици да организираме ваков вид на натпревари-ОЛИМПИЈАДИ. Ова е почетен повик до сите вас, активно да се вклучите во овој процес, кој секако е од голем придонес пред се за вашите ученици( никогаш не се знае кој ученик е надарен за математика). . 

За комплетните услови поврзани со овој натпревар ќе бидете дополнително известени, како на оваа страна, така и со посебен допис до училиштата. Почетно да напоменеме дека за секој учесник, како и за секој ментор ќе има специјален сертификат за учество. За најдобрите олимпијци на натпреварот секако дека ќе има олимписки одличја, како што се МЕДАЉИ, ДИПЛОМИ и скромни награди за најдобрите. 

На овој сајт, во делот олимпијади се наоѓаат задачите од доста олимпијади од ваков тип. Истите се на руски јазик. Заради рускиот образовен систем , нивно прво одделение е наше второ одделение, и така натаму, и нивно петто одделение е наше шесто одделение. Повелете и спремајте ги вашите деца за овој несекојдневен настан.  

Со почит

Борд за меѓународни натпревари