На 30.09.2020 година во десет земји во светот се одржа ФИНАЛНИОТ МАТЕМАТИЧКИ КУП. На истиот учество зедоа преку 180 учесници, што оваа олимпијада ја прави да биде повеќе од успешна и респектабилна. Нашата држава успеа на меѓународниот пазар на знаења. Да напоменеме дека се запазани сите протоколи за учество на овој настан, од сите аспекти на неговото одржување. Што се однесува до нашите ученици-олимпијци мора да бидеме повеќе од задоволни. Забележаа невиден успех до сега, за жал нереспектабилен во македонски рамки а секако и тоа како респектабилен во меѓународни рамки. Пред се да напоменеме дека е забележан и првиот PERFECT SCORE од македонски натпреварувач, на било која олимпијада што било каде сме учествувале како држава до сега. Во оваа прилика не е фер да не се спомент нивните имиња, кои беа и носители на сета олимпијада: