ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА

Почитувани учениви, родители, ментори, директори

На ден 30.10.2020 година во нашата држава ќе се одржи иранската геометриска олимпијада 2020. Овој вид на натпревари секако дека придонесува за развојот на вашите деца, што може да се види и од бројните примери од минатото. Секако дека поголем дел од вас не се пласираа за финалниот дел од циклусот натпревари за оваа година (БМО, ЈБМО, ИМО), но тоа не значи дека вие не можете да учествувате на овој вид на олимпијади (ИГО, Турнир на градови, ...). Секако дека бенефитот од ваквиот вид на натпревари за вас лично е голем, ако се има предвид дека освојувате ВРЕДНИ награди, а во исто време ја одржувате вашата кондиција во добра форма. 

ПОВЕЛЕТЕ НА ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2020

Олимпијадата ќе отпочне во 09:30 часот. На 25.10.2020 година ќе се донесе одлука дали да биде on-line iили да биде со физичко присуство-според препораките на организаторот на натпреварот. .

Со почит

Бордот за меѓународни математички олипијади.