ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Почитувани

Природно математичкото здружение АРМАГАНКА е организатор на бројни математички олимпијади, како во основното така и во средното образование. Тоа се натпревари кои траат во текот на целата година и секако дека нашите олимпијци, нивните фамилии, нивните родители, како и дел од професорите кои работат со овие наставници вложуваат многу во овој вид на активности на нашите деца. Согладувајќи ја оваа состојба, членовите на Армаганка, заедно со управниот одбор)Бордот на Армаганка), дојдоа до заклучок дека добро е оваа дејност да има и свој крај во секоја учебна година одвоено. За таа цел Бордот на Армаганка одлучи да на најдобрите ученици да им се доделува посебна награда после завршување на учебната година. Тоа се наградите

-Најдобар натпреварувач(олимпиец) во средното образование -награда АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ

-најдобра натпреварувач (олимпиец) во основното образование- награда ИЛИЈА ЈАНЕВ

Овој вид на награди се доделуваат после донесените одлуки

-Одлука за доделување на наградата АЛЕКСАНДАР САМАРЏИСКИ

-Одлука за доделување на наградата ИЛИЈА ЈАНЕВ

Секако дека за истите мора да се исолнети одредени одредени критериуми кои се дел од следните правилници

-Правилник за наградата Александар Самарџиски

-Правилник за наградата Илија Јанев. 

За минатата година утврдувањето на носителите на овој вид на награди е во тек и наскоро ќе бидат јавно објавени на овој сајт. 

Ви посакуваме пријатна работа. 

Со почит 

Бордот на Армаганка за натпревари