БАЛКАНСКИ МАТЕМАТИЧКИ ОЛИМПИЈАДИ, МЕЃУНАРОДНИ МАТЕМАТИЧКИ ОЛИМПИЈАДИ

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ, РОДИТЕЛИ, ПРОФЕСОРИ, ДИРЕКТОРИ

Јасно е дека ситуацијата со вирусот КОВИД 19 е лоша, вирусот е неуморен и силно се одразува на вкупната состојба во целокупниот образовен систем. Секако дека доаѓа до вкупен застој во образованието на нашите млади кадри. Од тие причини, ние во нашето здружение одлучивме да содржините од балканските математички олимпијади (натпреварувачките задачи) ги поставиме на сајт на македонски јазик се со цел да се лесно достапни на нашите деца за нивно ефективно користење.Дел од истите се веќе поставени во делот олимпијади. 

Борд на АРМАГАНКА за олимпијади

------------------------------------------------------------------------

ФИНАЛЕН МАТЕМАТИЧКИ КУП 2020

Ги известуваме сите ученици, потенцијални олимпијци, дека можат слободно да се пријават за учество на ФИНАЛНИОТ МАТЕМАТИЧКИ КУП 2020, на кој своето учество го најавија 11 земји(една повеќе од законскиот минимум за освојување на солидни награди од МОН за учество на вакви манифестации). Не би се осврнувале на тоа што значат медаљи од ваков вид на натпревари, каде конкуренцијата секоја година е се посилна, како и тоа како тие се ценат во меѓународни рамки. Натпреварувањето се спроведува во две категории и тоа категорија ЈУНИОР и категорија СЕНИОР. 

Борд на АРМАГАНКА за олимпијади

-------------------------------------------------------------------------

ТУРНИР НА ГРАДОВИ 2020

Ве известуваме дека оваа година нашата земја зема учество на еден од најпрестижните математички натпревари кој се одржува во бројни градови во светот, секако вклучувајќи ги и најпрестижните. Вашето учество слободно можете да го пријавите на меилот 

armaganka.makedonia@gmail.com

Овој натпревар кој се одржува во два дела(првиот дел е во октомври 2020), има посебно значење бидејќи покрај вториот дел има и трет дел на кој учествуваат и професори, се разбира секој според заслугите. 

Со почит

Борд при Армаганка за олимпијади

------------------------------------------------------------------------

ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМИЈАДА 2020

Ве известуваме (дополнително) дека иранската гоеметриска олимпијада ќе се одржи оваа година на 30.10.2020 година. Ако се земе предвид дека на овој натпревар учествуваат преку 50 земји во три категории, секако дека во меѓународни рамки е престижен натпревар кој има силно влијание како лично, за секој натпреварувач одвоено, така и математичко. Повелете и пријавете за учество на овој натпревар. 

За сите натпревари дополнително ќе ве известиме каде и во колку часот ќе се одржат. 

Со почит

Борд при Армаганка за олимпијади