МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2020

Почитувани ученици, родители, професори, директори

Оваа година навистина немаме среќа за да го одржиме меѓународниот натпревар КЕНГУР 2020. Сепак тоа е натпревар кој е створен, за секоја година одвоено, од преку 200 директни учесници делегати, и преку 500 математичари во своите матични земји, а кои се занимаваат со методика на настава по математика....Селекцијата на проблеми е вистинаски пекол од избор на задачи(се бира секоја десетта, а во некоја година и секоја 15-та која е предложена задача, а претходно да се прочитаат и разфгледаат сите предложени задачи за секоја категорија одвоено). Сепак неоправдан е третманот кој го има овој натпревар на многу нивоа и во нашата и во низа земји во светот, а сепак е прифатен од нашите ученици... ТОа е натпревар кој има силно влијание врз младата популација,, се разбира позитивно, што може да се види кај студентите од прва година во ширум многу универзитети каде истите се среќаваат....Но како што вече рековме тој оваа година нема среќа да биде претставен пред нашата и пред натпреварувачите ширум светот. во својата целовитост.. Но како и да е, за оние училишта кои имаат УПЛАТЕНО истиот ќе се одржи на 02.10.2020 година...Се разбира одржувањето мора да е според 

     ЕКСТРЕМНО СТРОГИТЕ ПРОТОКОЛИ КОИ СЕ НАМЕТНАТИ ОД НАШИТЕ ОРГАНИ НА ВЛАСТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВАКВИ МАНИФЕСТАЦИИ

а се однесуваат се разбира на пандемијата КОВИД 19. Доколку некоја школа не може да гиобезбеди тие услови и истиот да се одржи во еден термин, може да направи поделба на одделенијата по категории и да се спроведе во два дела. Ако пак нема услови воопшто тие услови да се обезбедат, тогаш истиот мора да го откажете за оваа учебна година. 

Останатите училишта може да учествуваат ако ги спроведат и обезбедат сите услови кои се претходно наведени. Рокот за пријавување е 20.09.2020 година, како и соодветните уплати. 

Со почит 

Борд за меѓународниот натпревар КЕНГУР