ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА ОЛИМПИЈАДА 2020

Почитувани олимпијци, родители, професори, директори, почитувана македонска јавност

Ве известуваме дека Иранската геометриска олимпијада 2020 година ќе се одржи на 30.10.2020 година. Се разбира, истата ќе се одржи под строго почитување на протоколите пропишани од Министерството за образование и наука во целост. Ваквото поместување на овој настан дојде како реакција на организаторот на истата Иранскиот комитет за олимпијадата по геометрија. Во секој случај, ги повикуваме олимпијците, нивните родители, нивните ментори, директорите на училиштата во кои учат учениците дека олимписките медаљи стануваат носечки дел од нашиот и светскиот образовен систем, кој за среќа не е во застој од КОРОНА 19 вирусот(искуство стекнато со непосреден контакт на децата кои учествуваат на вакви настани). Повелете на овој значаен настан во петок 30.10.2020 година и земете активно учество на истиот. Почетокот на олимпијадата е во 10:00 часот, а местото на одржување дополнително, пред самото одржување на манифестацијата-настанот ќе ви го соопштиме. Секоја освоена медаља има широко значење за вас, нас(сите математичари) и за целата наша држава. 

Со почит 

Бордот при Армаганака за меѓународни натревари