На ден 14.12.2019 година во Скопје, во просториите на Машинскиот факултет ќе се одржи редовниот 8-ми Европски математички куп. Право на учество имаат сите ученици до возраст од 19 години. Има две категории на задачи. Секој ученик сам ја одбира категоријата на задачи во која ќе се натпреварува. Наградите се од меѓународен карактер, онака како што ќе определи организаторот на натпреварот. Повеќе видете во писмото покана за учество на овој натпревар.