МЕЃУНАРОДЕН МАТЕМАТИЧКИ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2020 година

ПОЧИТУВАНИ УЧЕНИЦИ, КОЛЕГИ, РОДИТЕЛИ, ДИРЕКТОРИ

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2020 ќе се одржи на 17.09.2020 година.  Да се надеваме дека во овој период ќе имаме реални услови истиот да се одржи. Одложувањето е направено по дадената согласност од претседателот на АКСФ, која во исто време е и претседател на БОРДОТ на АКСФ. Секако дека во многу земји, инфективната болест КОВИД 19 си го стори своето. Натпреварот е одложен во многу земји, па и во нашата. Условите за одржување на истиот се потполно исти како и тој да се одржа на 19.03.2020 година. Учениците од 9-то одделение треба да се појават во своите претходни основни школи и да решаваат тест од 9-то одделение. Останатите ученици ги решаваат задачите што требаше да ги решаваат на 19.03.2020 година. За сите дополнителни информации ќе бидете соодветно навремено известени. Рокот за пријавување за натпревар е 11.09.2020 година.  

Со почит 

Бордот на меѓународниот натпревар КЕНГУР 2020