Во рамкие на своите редовни активности насочени кон работата со надарени ученици за математила здружението АРМАГАНКА, по изработката на програмите за учениците од второ одделение основно образование до четврта година средно образование, своето внимание го насочи кон организирање на натпревар за учениците од второ до шесто одделение во основното образование. Во оваа насока, по направените консултации и реализираните разговори со организаторите на МОСКОВСКАТА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА за учениците од почетното образование, чест ни е да ве информираме дека почнувајќи од следната учебна година во нашата држава ќе се организра овој престижен натпревар. Натпреварот се организира во месец февруари и на него учествуваат ученици од повеќе од 40 градови од 11 земји, меѓу кои од следната учебна година е и нашата држава.
Се надеваме дека со отпочнувањето на организирањето на овој натпревар ќе пополниме една сериозна празнина која се јавува не само во тоа што нема никаков натпревар за учениците од второ и трeто одделение, туку и во квалитетот на постојните натпревари кои во нашата држава се организираат за учениците од четврто до шесто одделение. Во следниот период ќе ве информираме за литературата од која учениците може да се подготвуваат се со цел успешно да учествуваат на престижната МОСКОВСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА, како и за правилата за учество на натпреварот.