Оваа година меѓународниот натпревар Кенгур 2020 не се одржа ниту во Македонија ниту во најголем број на земји на предвидениот ден 19.03.2020 година. Јасни се причините за ваквата состојба. Од раководството на натпреварот се предложи, а од членството на АКСФ широко се прифати натпреварот во овој момент да се одложи. Сега, краен рок до кој е одложен натпреварот е 31.05.2020 година. Во оваа ситуација , како што се и препораките на Владата на нашата држава, ние ќе ги прифатиме условите и натпреварот ќе го одложиме на неодредено време. Во секој случај натпреварот ќе се одржи во оној момент кога за тоа ќе се создадат соодветни услови, во било која форма. Значи, има дополнително наставниците наново да ги организираат учениците и да продолжат со пријавување и подготовка за натпреварот.