ТУРНИР НА ГРАДОВИ

Почитувани ученици, колеги, родители

После интензивни преговори и договори со раководството на меѓународниот натпревар Турнир на градови, конечно нашата земја, односно градот Скопје стана член на оваа асоцијација. На истиот натпревар учествуваат повеќе од 100 градови од 25 земји во светот. Ве информираме дека натпреварот се одржува во две тури, и тоа есенска тура и пролетна тура. Есенската тура е во месец октомври, за што вие ќе бидете соодветно информирани. Наградите од натпреварот се меѓународни. Предност за учество имаат учениците кои се редовни учесници на сите меѓународни натпревари на кои учествуваат нашите ученици. На истиот може да учествуваат и останатите ученици.

Со почит

ПМЗ Армаганка