ФИНАЛЕН круг Кенгур 2024 година-предфинални резултати

Почитувани

Ученици, наставници, родители, Директори

На 01.06.2024 година се одржа еден  од најубавите натпревари кои сме го организирале досега во мојата кариера. Тоа е заклучок, кој следува пред се по резултатите кои се постигнати на овој натпревар. Истите можете да ги погледате во прилозите кои се во оваа вест. Во овој натпревар учество зедоа и некои ученици кои беа прво одделение, а кои не беа повикани на овој натпревар. Но и за нив се обезбеди се што следува од овој натпревар. Има ученици кои не освоиле награда, но тоа не треба да ги демотивира, туку напротив да е мотив за понатамошна нивна работа и напредок. За учениците од прво до петто одделение ова е и натпревар на државно ниво. 

1 одделение     види тука

2 одделение     види тука

3 одделение     види тука

4 одделение     види тука

5 одделение     види тука

6 одделение     види тука

7 одделение     види тука

8 одделение     види тука

9 одделение     види тука

За учениците од средното образование резултатите ќе бидат објавени покасно(во текот на месецот).

Да напоменеме дека се направени сите корекции за кои вие интервениравте. Пред се задача 13 во второ-трето одделение поради лош квалитет на цртежите во таа задача, задачи 7, 13 и 14 во категорија еколиер на албански јазик заради несоодветен превод.Посебно им се извинуваме на учениците кои се натпреваруваа во просторија 124, поради каснење со почеток натпреварот.  

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИГОВОРИ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ДО ПОНЕДЕЛНИК 17.06.2024 година до 18:00 часот

Со почит

Борд на Кенгур за 2024 година