Натпревар Финален Круг на КЕНГУР, 01.06.2024 година

Почитувани натпреварувачи

Натпреварот ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2024 година, во сите региони ќе отпочне на 

01.06.2024 година, со ПОЧЕТОК ВО 12:00 часот

Се замолуваат сите учесници точно во 11:15 часот да бидат присутни на соодветните локации, на кои ќе се одржи натпреварот, според своите пријави за учество. 

Сите учесници со себе да ја понесат уплатницата со која уплатиле за натпреварот. Можно е заради големиот број на учесници, некое лице да не е заведено во нашите сшписоци. Со својата уплатница, која ќе мора да ја прикаже, обезбедува учество на настанот. 

Со почит

Борд за Кенгур 2024 година