Кенгур 2024 година

Почитувани

Ве известуваме дека натпреварот КЕНГУР 2024 година (прв круг на кенгур) ЗАВРШИ. На ден 13.05.2024 година се доделија дипломите и сертификатите на училиштата кои се од регионот на град СКОПЈЕ. Одреден број на училишта не испратија свој претставник за да ги подигни дипломите, и истите не ги подигнаа. Тие училишта ги известуваме дека и за нив има дипломи. Истите можат да ги подигнат на Машински факултет-Скопје. Претходно мора да пратат известување на истиот меил на кој ја направија и својата најава за натпреварот, за да се договориме кога и како да ги подигнат своите дипломи и сертификати. 

Ве повикуваме, повелете на ВТОР КРУГ НА КЕНГУР 2024 година. Како што веќе е кажано, истиот ќе се одржи на 01.06.2024 година. Прочитајте вести претходни на оваа страна. Пријавување за истиот натпревар е до 27.05.2024 година.

Со почит

Борд на Кенгур 2024 година