Втор (финален круг на КЕНГУР) круг на Кенгур 2024 година

Почитувани

      Како дел од активностите, а посебно заради големиот број на учесници на првиот круг на КЕНГУР 2024 година, се организира и втор круг на Кенгур на потполно идентичен начин во однос на работата на учениците. Одлуката ја донесе БОРДОТ НА КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ. Вториот дел на Кенгур 2024 е апсолутно независен во однос на првиот дел на КЕНГУР 2024, во однос на досегашните постигања на учениците. Во рамките на тие активности на овој јавен повик секој ученик од првиот дел на овој натпревар, кој ќе може да се пронајде во списците кои јавно се објавени, може да се пријави јавно преку средствата за комуникација за овој натпревар-втор круг на кенгур. Притоа, секако, во предвид се земаат и пријавите од страна на професорите и училиштата кои сакаат да учествуваат на овој дел од натпреварот. Притоа како што е веќе највено на страната на нашата организација, дополнително ве известуваме.

      Од овој натпревар се формира тим на ученици кои ќе бидат учесници на Малата Македонска Математичка олимпијада 2024. На таа олимпијада учествуваат учениците од прво до петто одделение. Заради тоа, на натпреварот посебно се повикуваат учениците и тоа

     2 одделение   од број 1 до  број  153

     3 одделение   од број 1 до  број  127

     4 одделение   од број 1 до  број  120

     5 одделение   од број 1 до  број  116

     6 одделение   од број 1 до  број  111

     7 одделение   од број 1 до  број  99

     8 одделение   од број 1 до  број   73

     9 одделение   од број 1 до  број   83

     Од средна школа на овој натпревар се повикуваат сите ученици.

      Пријавата за учество на овој натпревар може да се реализира на следните начини:

      1.Секое училиште посебно, кое беше учесник на првиот круг на Кенгур, да определи список на учесниците кои ќе учествуваат на оваа манифестација-ФИНАЛЕН КРУГ НА КЕНГУР 2024. Без никакви ограничувања, секој од учесниците кои биле на првиот круг на кенгур може да се учесници и на вториот круг на Кенгур 2024 година. Најдобро е учениците кои се во групата која ние посебно ги поканивме да бидат дел од вашиот тим.  

      2. Индивидуална пријава. Индивидуална пријава може да се направи на истиот начин како и за првиот круг на Кенгур 2024 година, со испраќање е-маил порака со два документи во неа. Едниот документ со листа на учесник/учесници на истата, и вториот документ со уплата на средства на сметка на Армаганка за учество на натпреварот. 

      Цената за учество на овој натпревар е 400 денари за секој ученик посебно.

      Да напоменеме дека 2/3 (две третини) од натпреварувачите добиваат медаљи, како и минатата година.  

      На овој дел од натпреварот ќе има јавно прогласување и јавно делење на медаљи за најзаслужните исто како и минатите години.

      Натпреварот ќе се одржи на следните локации:

      А) Машински факултет-Скопје

      Б) Основно училиште Братство Миѓени-Тетово

      В) Основно училиште ТОШО АРСОВ, Штип

      Г) ООУ Гоце Делчев-Гостивар

Во преговори сме со уште две локации, како и минатата година, како места на кои ќе се одржи натпреварот, за да истиот се спроведе во најдобра ред. Истите локации ќе бидат објавени непосредно на страната www.armaganka.org.mk.

ДОПИС ЗА ВТОР КРУГ НА КЕНГУР        види тука

ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ОВОЈ ФИНАЛЕН(ВТОР) КРУГ НА КЕНГУР е до 27.06.2024 година

Со почит 

Борд на Армаганка за КЕНГУР 2024 година