ИРАНСКА ГЕОМЕТРИСКА МАТЕМАТИЧКА ОЛИМПИЈАДА 2021

ПОЧИТУВАНИ ОЛИМПИЈЦИ

Ве известуваме дека Иранската ф=геометриска олимпијада 2021 година ќе се одржи на 05.11.2021 година. Имаме доволно време за да ги организираме домашните обврски поврзани со оваа олимпијада. Пријавувањето може да отпочне(иако веќе имаме пријавено неколку кандидати). Олимпијадата во овој момент, согласно тоа како се одвива ситуацијата со пандемијата на 21-от век(Covid 19), ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека ќе се одвива on-line. Тоа сепак е најбезболен начин да се организираат натпревари од овој тип, во овој момент. 

Знаеме дека се наоѓаме во многу тешка ситуација, пред се општествена.... Но тоа не значи дека вие како најнапреден дел од општеството, свесни за многу предизвици, нема да земете учество на овој најпрестижен натпревар во делот на олимпијадите за оваа темаз-ГЕОМЕТРИЈА. Секако силата е во вас-ПОВЕЛЕТЕ НА ОЛИМЧИЈАДА. Да напоменеме дека таа се одржува во четири категории, и секој наптреварувач може да си најде место во некоја од нив. Резултатите од олимпијадата се вреднуваа скоро на ист начин како и сите други олимпијади-што се покажа со примерот со наш натпреварувач од минатата година. 

Со почит 

Бордот за Иранска Геометриска олимијада 2021